Милитантите од групата Хамас ги предадоа телата на четворица израелски заложници во ноќна размена со палестински затвореници. Веста ја потврдуваат и од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Хамас претходно ги идентификуваше телата на Цачи Идан, Иџак Елгарат, Охад Јахаломи и Шлом Манцур, сите беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година од нивните домови во кибуци во близина на Газа.
Сега се очекува израелските форензички тимови да го потврдат нивниот идентитет, соопшти израелското Министерство за здравство. Прекинот на огнот стапи на сила на 19-ти јануари и во голема мера се одржа, и покрај бројните неуспеси.
Но, нејзината прва фаза треба да заврши во сабота, а судбината на следната фаза, чија цел е да се стави крај на војната, останува нејасна. Хамас соопшти дека досега не добил никакви предлози.











