Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаос низ Германија- машиновозачоте стапија во тридневен штрајк

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Синдикатот на германските машиновозачи е во тридневен штрајк, кој започна рано утрово, Од главниот државен железнички оператор во Германија се бараат поголеми плати.

Патувањето со воз низ земјата и во многу градови е речиси запрено, додека патници се обидуваат да најдат алтернативи, како патување со автобус на долги релации, летови или одење со автомобил. Штрајкот ќе трае до петок во 18 часот.

Покрај покачувањето на платите, централното прашање е повикот на синдикатот да се намали работното време на смените од 38 на 35 часа неделно без намалување на платите, барање кое работодавците го отфрлаа досега.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг ги повика двете страни да се вратат на преговарачка маса. Но не изостанува поддршката за синдикалците од страна на граѓаните.

  • Мислам дека мора да продолжат да преговараат за да добијат резултати за да не биде на сметка на клиентите, вели Дитер Нетерсхајм, жител на Келн.
  • Мислам дека нивно право е ГДЛ (синдикатот) да штрајкува. Лично јас немам голем проблем со тоа, смета Лука, жител на Келн.