Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хавиер Милеи е нов претседател на Аргентина – Трамп меѓу првите кои му честитаа

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Економистот и политичар на крајната десница, Хавиер Милеи ќе биде нов претседател на Аргентина по победата во вториот круг на изборите во јужноамериканската земја.

Милеи освои 55,95 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Серхио Маса доби 44,04 отсто поддршка. Тоа се официјални резултати по 86 отсто пребројани гласачки ливчиња.

Маса го призна поразот и на приврзаниците им порача дека „Милеи е претседател кого го избраа погоелмиот број на Аргентинци за наредните четири години“.

Во победничкиот говор во Буенос Аирес, Милеи порача дека „почнува крајот на декаденцијата“ и следува „обнова на Аргентина“.

Хавиер Милеи ќе ја преземе претседателската функција на 10 декември.