Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хемиска пена истече на булеварот „Александар Македонски“

/

пред 331 дена

Сподели преку :

Од средишна шахта на булеварот „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба доцна синоќа било забележано масивно истекување на хемиска пена, која потекнува од правен субјект што стопанисува во непосредна близина. На местото на настанот веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор.

Инспекторите направиле детален увид на терен, а од шахтата, површината на булеварот и од пеноматот на фирмата се земени примероци за анализа. Надлежните оценија дека станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина.

Најавија дека ќе се направи анализа на елаборатот за животна средина што фирмата е должна да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во оперативните процеси.