Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Христос се роди – Навистина се роди: Македонските православни верници го слават Божиќ

/

пред 274 дена

Сподели преку :

Со поздравот „Христос се роди – Навистина се роди“, денеска се слави Божиќ, еден од најголемите христијански празници. Божиќ го симболизира Христовото раѓање. Овој празник се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи. Верниците велат дека Божиќ за нив значи време за семејство, сплотеност и молитва. Тие си посакаа здравје, среќа, мир и благосостојба.

АНКЕТА ГРАЃАНИ:

„Божиќ е празник за по дома. Се собира целото семејство на вечера. Правиме погача и сарма“

„Божиќ е најголемиот празник за христијаните. Многу здравје на сите граѓани на Македонија“

„Ова е најголем празник. На сите им посакувам здравје и напредок на сите полиња“

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, присуствуваа голем број верници. По повод Божиќ, се читаше божиќно послание. Со тоа се упатува порака за мир, љубов и почит.

„Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие. Каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди туку и владеат норми најспротивни на нив. Но, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено“, порача отец Сашко.

Вчера беше Бадник, се јадеше посна храна и се кршеше лепче со паричка. Денес е Божиќ, ден кога се јаде мрсна празнична храна и се слави Христовото раѓање.

Тамара Марковска