Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска утре на претседателски избори, анкетите предвидуваат предност на Милановиќ

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Во Хрватска е изборен молк пред вториот круг од претседателските избори, закажани за утре. Анкетите му даваат предност на актуелниот претседател Зоран Милановиќ кој се бори за втор мандат, пред неговиот против-кандидат Драган Приморац.

Според последната анкета на Ер-те-ел во пресрет на гласањето, Милановиќ го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац би добил 27,8 отсто од гласовите.

Проценките на порталот „Индекс“ се дека Милановиќ сега би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември.

Во првиот круг што се одржа на 29-ти декември, Милановиќ, кандидат на опозициската Социјал-демократската партија освои 49,7% од гласовите, додека за Приморац гласаа 19,6 отсто од гласачите.