Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ застанува зад Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ зад Силјановска Давкова, претседателска кандидатура и од Стевчо Јакимовски

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Владеачката СДСМ на претстојните претседателски избори повторно ќе застане зад Стево Пендаровски, дознава ТВ Телма од избори во партијата. Според нив, на состанок на раководството на попладнево било одлучено да се поддржи актуелниот претседател за втор мандат.

Извори од партијата брифираат дека предлогот за Пендаровски во наредните денови ќе се најде и пред членовите на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ, а по најавените средби со коалициските партнери, е планирана и официјална конвенција за негова промоција на 3 март.

Гордана Силјановска Давкова, пак, ќе биде претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа, според извори во партијата, била единствена која се пријавила на огласот кој бил отворен до попладнево во 17 часот.

Силјановска учествуваше и на последните претседателски избори во 2019 година на кои победи Стево Пендаровски. Дали Силјановска по вторпат ќе влезе во претседателската трка, ќе се знае по партиската конвенција на 2 март, кога постои можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најави дека утре ќе го соопшти својот кандидат, а дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека тоа ќе биде Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи.

Во претседателската трка влегува и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.