Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Хуманитарен одговор 2023“ – симулација на прва помош при земјотрес во Градски парк

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Со симулација на прва помош при итна ситуација – земјотрес, Црвениот крст денеска кај Градски Парк во Скопје ја одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“. Целта на вежбата беше да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Северна Македонија.

„Ова вежба ги покажа сите позитивни страни од партнерството меѓу државните институции и граѓанските организации, како и интерсекторската поврзаност и меѓуинституционалната соработка“, истакна претседателот Пендаровси, кој е покровител на настанот.

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити, посочи дека кризите и катастрофите кои се дел од нашето секојдневие, наложуваат постојана инвестиција во градење на одржливи капацитети за подготвеност.

Во вежбата беа вклучени 400 учесници, два хеликоптера, 40 возила на Црвениот крст, како и тимови на полицијата и пожарната.