Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Чад, по примерот на Нигер, најави протерување на американските војници – САД губат влијание во уште една земја во Африка

/

пред 916 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ризикуваат да го загубат своето воено присуство во уште една африканска држава, отстапувајќи влијание во регионот на Русија. Владата на Чад се закани со раскинување на големиот безбедносен договор со Америка, пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Во писмо до американскиот претставник, властите на Чад ветиле дека ќе го поништат договорот кој го дефинира однесувањето на американските војници во земјата. Покрај тоа, се наведува дека Американците мора да ја напуштат француската база во Нџамена.

Пред еден месец, владата на Нигер раскина сличен договор со САД. По сè изгледа, раководството на ЧАД го следи приемерот на соседот, обидувајќи се да извлече дополнителни отстапки од Вашингтон, проценува еден од соговорниците на „Си-Ен-Ен“. Но, тој призна дека намерата на властите на Чад ги изненадила САД.

На сослушувањето во Сенатот, главниот командант на американските вооружени сили во африканскиот регион, генерал Мајкл Ленгли предупреди дека Русија се обидува „со забрзано темпо да ја преземе централна Африка и Сахел“ и тоа, како што нагласи, претставува „опасност за јужниот блок на НАТО“.