Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) И денеска се собираат граѓани пред општинската зграда на Звечан – со нив се и првите луѓе на Српска Листа – ситуацијата мирна

/

пред 1238 дена

Сподели преку :

Пред зградата на општина Звечан нешто пред 7 часот утринава пристигнаа голем број граѓани и постојано се зголемува. Десетици од насобраните стојат во близина на Домот на културата, заедно со оградата засилена со жица што вчера во близина ја поставија припадниците на КФОР. Сепак, ситуацијата во моментов е мирна.

Со граѓаните утрово се и лидерите на Српската листа Игор Симиќ, Горан Ракиќ, како и Александар Спириќ. Таму и денеска е лидерот на ГИ српски Опстанак, Александар Арсенијевиќ.

Од друга страна, полските припадници на КФОР ја зајакнуваат бодликавата жица што ја поставија вчера.

Сега ја поставија жицата по целата улица, па пред граѓаните прво има жица, монтажна ограда, а потоа се припадните на КФОР со опрема за разбивање демонстрации.

Војници со штитови стојат и на крстосницата – спроти самата општина.
За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се пооддалечени од припадниците на КФОР.