Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И државата гради нелегално- Статистика соопшти дека во Чаир и Сарај лани немало бесправни градби, а најмногу имало во Куманово

/

пред 831 дена

Сподели преку :

Во Куманово лани имало најмногу откриени дивоградби, дури 133 што е и повеќе од Скопје каде според Државниот завод за статистика имало 112 бесправно изградени објекти. Од десетте скопски општини, најмногу бесправно изградени објекти имало во Карпош (34) и во Центар (32). Од друга страна ДЗС објави дека немало ниту една дивоградба во Чаир и Сарај.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2023 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 780 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 172 објекти за домување (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2 %), 63 натстрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (93.1 %) се во приватна сопственост. 46 нелегални објекти од кои 22 се времени објекти без дозвола.