Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Советот на јавни обвинители контра Антикорупциска, не ги повлекува своите членови од Академијата

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Претседателката на советот на јавните обвинители Душица Димитриеска и нејзиниот заменик Башким Бесими остануваат членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

По судскиот и Советот на јавните обвинители нема да повлече своите членови како што бараше антикорупциска поради судир на интереси. Едногласно констатираа дека одлуката не може да се изврши затоа што ДКСК ја запреле постапката, а тоа спроед нивниот деловник се правело кога нема прекршување на закон.

Не се согласија ниту со толкувањето на антикорупционерите. Велат избрани и именувани лица се и судии и јавни и обвинители, не само членовите на советот.

Пред членвоите на советот денеска извештајот за минатата година го презентираше шефот на Обвинителството за гонење криминал и корупција Ислам Абази. Кажа статистики за сработеното, одговораше и на прашањата на членовите но не и на новинарите, кои сакаа да дознаат дали во бројката од 262 лица под истраги има и функционери или пак зошто долго траат предистрагите од предметите  од јавен интерес како „Бехтел и Енка“, „Соравија“, „Еуростандард Банка“, прозиводството на струја и други. На конкретни прашања Абази ќе одговорел на брифнгот закажан за во декември.

Во обвинителството, кое треба да биде и главен мотор во борбата со коруцпијата, најбројни се предметите за шверц со дрога и криумчарење мигранти.

Измените на Кривичниот законик лани влијаеле врз 24 предмети. Поради застарување за 11 од нив било повелечено обвинение, кажа на седницата Абази. Заменикот на Советот Башким Бесими се интересираше колку од предметите на поранешното СЈО се во ова обвинителсто, но Абази му одговори дека нема таква бројка затоа што овие предмети се заведени како и сите останати и не се издвојуваат.

Абази се пожали дека имаат само 28 службеници а по систематизација им се потребни 71, но се пофали дека лани конфисувале имот вреден 18 милиони евра.

Елена Ивановска Мукоска