Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИДФ: Ракета испукана од Јемен падна во близина на Тел Авив, повредени се 14 луѓе

/

пред 668 дена

Сподели преку :

Израелската војска соопшти дека не успеала да пресретне ракета истрелана од Јемен утринава, што паднала во реонот на Тел Авив и Јафа, при што се повредени 14 луѓе, соопштија медицинските служби.

Дел од повредените се хоспитализирани, се вели во соопштението на итната медицинска помош.

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, постојано истрелуваа беспилотни летала и проектили врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Во четвртокот, Израел изврши воздушни напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура во областите во Јемен контролирани од Хутите и се закани со нови напади.