Вонредните анализи по пожарот во магацинот за отпад во скопското село Трубарево не покажале присуство на радиоактивност во водата, ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата.
Според резултатите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), зголемени вредности на бакар и цинк се забележани само на едно место, на површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тие се во рамки на очекуваното и не претставуваат ризик. ИЈЗ информира дека анализите се извршени во најкус можен рок и ќе бидат повторувани според утврдените протоколи, со целосна координација со Министерството за здравство и другите надлежни институции.











