Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници македонски државјани минале низ „Табановце“ и „Богородица“ за продолжениот викенд

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Повеќе од 10.000 македонски државјани ја напуштиле земјава во изминатите 24 часа само преку граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, велат статистиките н МВР. Продолжениот викенд голем број Македонци го искористиле за патување.

„На граничниот премин „Богородица“ од 28.05.2026 во 10 часот до 29.05.2026 во 10 часот, влез во државата оствариле 1.715 македонски државјани, а излез оствариле 6.943 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период влез во нашата држава оствариле 2.830, а ја напуштиле нашата држава 2.948 лица“, изјави Гоце Андреевски, портпарол во МВР.

На граничниот премин „Богородица“ беше нормален сообраќајот и немаше гужви. Патниците што ги сретнавме, претежно странци, велат дека нема чекање.

„Никогаш не се случило да дојдам, а овде да е гужва, така што добро, е“, рече турист од БиХ.

„Да, прекрасно е, иако сме на долго патување од Холандија, преку Германија, овде во Македонија, и сега Грција. Инаку сме од Грузија“, додаде друг турист.

Токму странските туристи во моментов се меѓу најчестите патници, застануваат во рестораните, трговските центри, но и по бензинските станици покрај автопатот.

„Со почетокот на летната сезона зголемено е движењето на туристи, особено од странство кои ги користат услугите за точење гориво, одмор, кафе“, рече Борче Костадиновски, шеф на бензинска станица на „Макпетрол“.

Македонските погранични служби велат дека се подготвени и за поголеми гужви кои се очекуваат од први јуни, со почетокот на летната сезона.

Сузана Мицева