Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илон Маск се постави за нов генерален директор на Твитер

/

пред 1434 дена

Сподели преку :

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, а од неодамна сопственик и на Твитер за 44 милијарди долари, се постави себеси за генерален директор на социјалната мрежа. Притоа го распушти Бордот на директори и најави нови промени во комапнијата.

Маск, кој во минатата недела ја презеде контролата врз Твитер, ги отпушти највисоките раководители на компанијата. Меѓу „лицата за отстрел“ се најдоа извршниот директор, Параг Агравал, шефот на финансии Нед Сегал и шефицата за правни работи и политика, Виџаја Гаде, која важеше за главна „цензорка“ и го згасна профилот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Привремено е распуштен и Управниот одбор на Твитер и се именува себеси за единствен член на одборот, е наведено во документот до американската Комисија за хартии од вредност, пишуваат медиумите во САД.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски со Маск, објави дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од вработените во првиот круг на преструктурирање.