Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Има закон и ќе одговараат пред него – Мицкоски со порака за супермаркетите кои картелски се здружуваат

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат, има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, во одговор на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка.

„Секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи, има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот. Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат, има закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние коишто мислат дека на грбот на народот ќе се богатот, тоа ние како Влада нема да го дозволиме“, рече премиерот Мицкоски.

На новинарско прашање дека некои од големите ланци на супермаркети тактизираат во однос на пониските цени, дали размислува како одговор на ова да го продолжите рокот на траење на оваа мерка, премиерот Мицкоски е дециден дека тој што тактизира ќе плати казна согласно законот.

„Не, не можат да тактизираат, си има законски рок, кој е со уредба донесен итн. и не може да се тактизира. Тој што тактизира ќе плати казна согласно законот. Нема тактизирање“, изјави Мицкоски.