Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Имам закани по животот – тврди скопската градоначалничка Арсовска откако најде дива сепарација на песок од Вардар во општина Аеродром, на локација која и личи на Амазонија

/

пред 514 дена

Сподели преку :

Во видео кое го објави на својот фејсбук профил, градоначалничката Арсовска, обвини за бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршувала, како што вели злоделата против природата.

Дополнително, додава Арсовска, тоа е потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Арсовска, најави дека пред сведоци добила и закани по нејзиниот живот и на семејството, за што најавува кривична пријава за лицето Ќ.О. и неговите соработници.