Партиите имаат рок до Нова година да постигнат консензус за термините за избор на претседател и на пратеници. Спикерот Талат Џафери потоа има намера да ги распише изборите онака како што наложуваат Уставот и законите.
Партиите уште немаат договор. ВМРО ДПМНЕ инсистира на двојни избори на 8 мај, додека СДСМ претпочита избори во редовните термини, што може да значи – претседателски од 14 март до 8 мај а парламентарни од 5 мај до 15 јули.











