Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се само 1.831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број.
Остануваат уште 5.566 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ-04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.
„Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ-04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денеска поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ-04 пријавите и доставување во рокот“, апелира УЈП.











