Во текот на 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено се намалува бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Регистрирани се 14.237 пријавени сторители, 6.996 обвинети и 6.371 осудено лице.
Најголем дел од кривичните дела се однесуваат на имотни деликти и сообраќајни прекршоци. Кај имотните деликти се евидентирани 3.484 пријавени сторители, додека кај делата поврзани со безбедноста во сообраќајот има 3.216 пријавени случаи.
Податоците покажуваат и дека кај малолетниците најчести се имотните деликти, по што следуваат делата против јавниот ред и живот, како и прекршоците во сообраќајот.











