Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Импровизиран кревет и кујнски нож во подземна гаража во Центар – закана кон претседателката на Уставен, Кацарска, случајот пријавен во МВР

/

пред 886 дена

Сподели преку :

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаraжното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираат од МВР.