Вонредна состојба во Амурската област на далечниот исток на Русија поради инцидент во рудник за злато каде што 13 луѓе се заробени под урнатини од карпа.
Мобилизирани се сите сили и ресурси. Екипите на терен не успеале да остварат контакт со рударите.
Според првичната проценка, групата се наоѓа на длабочина од 100 до 150 метри.
Од Министерството за вонредни состојби потврдија дека во операцијата се вклучиле и тимови од соседните области.











