Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Индустриското производство зголемено за 2.8 %

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2.8 %. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29.3 %.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.