Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инфлацијата повторно забрза – во март скокна на околу 5%

/

пред 182 дена

Сподели преку :

Скокна инфлацијата на речиси 5 отсто во март годинава во однос на март лани. Статистика измери и зголемени трошоци на мало од 3,4 отсто. За една година храната и безалкохолните пијалоци поскапиле за над 7 отсто.

Од храната најголем скок има кај овошјето од 12,7 проценти, потоа се млекото, јајцата и другите млечни производи кај кои има скок од 8 отсто, кај маслата и мастите поскапувањето е речиси седум проценти.Сериозен скок има кај кафето од 25 отсто но станува збор за берзантски производ.

Поевтинување има кај зеленчукот..

За една година, поскапеле и  облеките, обувките, здравствената заштита, рекреацијата, спортпт и културата, а зголемени се и цените во  рестораните и  за сместување, образование..

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се разгледуваат мерки меѓу кои и укинување ДДВ за основни прехрамбени производи, или  замрзнувањето на маржите.

Мерките ќе се носат по Велигден.