Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонредни контроли кај операторите со храна во Крива Паланка, при што уништени се околу 50 килограми небезбедна храна.
На маркет и гостилница издадени се решенија и прекршочни налози за пуштање во промет на недекларирана и небезбедна храна, вклучувајќи замрзнати колбаси и други производи.
Одделно, на гостилницата и била изречена парична казна за непоседување санитарни книшки за вработените.
Контролите не утврдија недоследности при контролата на уште една пицерија и две месарници во градот.











