Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инспекциски служби без доволно кадар: Кој ќе го контролира загадувањето?

/

пред 599 дена

Сподели преку :

По врнежите, квалитетот на воздухот денеска е подобар, но загадувањето останува сериозен проблем во земјава, сметаат активистите. Сообраќајот, индустријата, греењето на домаќинства и неповолната географска положба се главните причини за високи концентрации  на штетни честички во воздухот.

Владата има издвоено рекордни 103,4 милиони евра за заштита на животната средина, но според експертите потребни се стотици милиони евра за ефикасни мерки. Тие најчесто треба да се насочат кон субвенции за еколошки печки, мерки за енергетска ефикасност и набавка на еколошки автобуси.

„Прво и основно потребно е тие пари што се оделуваат од буџетот да бидат насочени кон вистинските начини на решавање на проблемот. Треба да се реши секој тип на загадеување, како аерозагадувањето и депониите. Секако дека треба да се спроведуваат и целосно да се остваруваат замислените проекти на оние кои се надлежни да го решаваат тоа. Најважно е тие пари да придонесат сите да можеме да видиме резултат од нив“, вели Стојан Велков од Здрава котлина.

Дополнително недостатокот на инспектори го загрозува надзорот врз аерозагадувањето. Државниот инспекторат за животна средина работи со минимален број инспектори, а дел од нив наскоро ќе заминат во пензија. Повеќе од 50% од општините сè уште немаат назначено овластени инспектори, иако законски биле обврзани да го сторат тоа до крајот на 2022 година. Последните законски измени ги ставија инспекциските служби под министерствата, но без посебен буџет. Иако проценките покажуваат дека се потребни барем 40 државни инспектори за да се покријат потребите на национално ниво, одобрени нови вработувања засега нема. Се намалува и така минималниот број на инспектори. Во текот на 2026 година ќе заминат во пензија уште тројца државни инспектори за животна средина.

„Државниот инспекторат за животна средина има 27 вработени, од кои 23 се инспектори, а двајца од нив заминуваат во пензија, како и четворица административни службеници. Државниот инспекторат во моментот нема одобрени нови вработувања и унапредувања од страна на Министерството за финансии“ – соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Според Светската здравствена организација, загадениот воздух е причина за илјадници предвремени смртни случаи годишно. Податоците укажуваат дека загадениот воздух во Македонија е причина за над 3.800 предвремени смртни случаи годишно, што е 17,7% од вкупната смртност во државава.

Долготрајната изложеност на ПМ-честички го зголемува ризикот од респираторни заболувања, срцеви и мозочни удари. Загадувањето останува еден од најголемите здравствени ризици во земјава.

Тамара Марковска