Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интензивирање на дипломатските напори за примирје со Иран

/

пред 183 дена

Сподели преку :

На Соединетите Американски Држави и Иран им бил презентиран рамковен план за примирје, објави американскиот портал Аксиос, но возможно е тој да пропадне уште на самиот почеток, затоа што висок ирански претставник веднаш го отфрли едниот од двата негови централни столбови, отворањето на Ормускиот теснец, дополни подоцна „Ројтерс“, цитирајќи неименувани извори.

Предлогот е составен од дипломатите на Пакистан, Турција и Египет и замислен е како основа врз која подоцна може да се постигне сеопфатен договор меѓу завојуваните страни. Но, освен тоа што предвидува првично примирје во траење од 45 денови и дека доцна синоќа им бил испратен на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и специјалниот преговарач на Трамп, Стив Виткоф, ништо друго не е познато за него.

Техеран потврди дека го добил предлогот и дека веќе го подготвил одговорот, но ќе го открие кога ќе биде соодветно време.

„Народ кој се води од разум и знае што сака, како и што не може да прифати, не се двоуми да ги изрази своите ставови. Тие ставови се соопштуваат преку посредниците уште од самиот почеток, и нормално е ваквата размена на пораки да продолжи. Сепак, преговорите не се сосема некомпатибилни со ултиматуми, злосторства и закани за воени злосторства“, порача Есмаил Багеи, портпарол на министерството за надворешни работи на Иран.

Последниот коментар се однесува токму на исполнетата со вулгарности објава на американскиот претседател Доналд Трамп во која на иранскиот режим му постави уште еден ултиматум, да го отворан теснецот за поморски транспорт до утревечер, еден час после полноќ, во спротивно во Иран нема да остане ниту една електрична централа и ниту еден мост.

Техеран се закани со широка офанзива врз американските интереси во регионот доколку неговата цивилна инфраструктура биде повторно нападната.

„Од самиот почеток објавивме дека секој напад врз цивилни цели ќе наиде на повеќекратен одговор против регионалните интереси на непријателот. Ако нападите врз цивилните цели се повторат, следната фаза од нашите офанзивни и одмазднички операции ќе биде извршена уште пожестоко и во поголем обем, а нивните загуби и штета, ако продолжат со овој пристап, ќе биде повеќекратно зголемени“, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на генералштабот на иранската армија.

Моменти по ова предупредување од иранската армија, Израел соопшти дека ја бомбардирал најголемата рафинерија во Исламската република.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас им наложивме на израелските одбранбени сили да продолжи со нападите, со сета сила, врз националната инфраструктура на терористичкиот ирански режим. Режимот ќе сфати дека продолжената агресија против Израел и кукавичките и злосторнички напади врз израелските граѓани само ќе ја продлабочи економската и стратешка штета и ќе ги уништи неговите капацитети“, нагласи Израел Кац, министер за одбрана на Израел.

Трамп досега повеќе пати ги одложуваше поставените ултиматуми за Иран, а наредниот ден по објавувањето на последниот, во интервју за „Фокс“ се чинеше дека претседателот ја омекна реториката, изразувајќи надеж дека има простор за постигнување договор, иако во продолжение рече дека размислува сѐ да уништи и да им ја земе нафтата.

Со секој изминат ден се чини дека конфликтот е поблиску до негово дополнително ескалирање отколку до завршување и токму затоа посредниците ги интензивираа дипломатските напори, затоа што дополнителните закани кои си ги упатуваат веќе завојувани страни, колку и да е тоа очекувана реторика, сепак мораат да се сфатат сериозно.

Игор Трајков