Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпелацијата за Коцевски на 29 јули на собраниска седница

/

пред 451 дена

Сподели преку :

На 29 јули ќе се расправа за интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица. Расправата ќе се случи во рамки на 64. собраниска седница. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.

Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочуваат дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски.

Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието.

Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски „во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешните политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.