Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпелацијата за Тошковски пред пратениците

/

пред 102 дена

Сподели преку :

Пратениците денеска ќе расправаат по  интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Ова е трета интерпелација за Тошкковски.

Интерпелацијата е поднесена од пратениците на Левица, кои го обвинуваат министерот за саботирање на истраги, селективна примена на правдата и партизација на Министерството за внатрешни работи.

Во образложението за интерпелацијата,  за Тошковски пишува дека креирал  „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани;  непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза.

Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила.