Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпол активира жолта потерница за Данкa Илиќ

/

пред 935 дена

Сподели преку :

Меѓународната полициска организација Интерпол денеска активира жолт аларм за двегодишната Данка Илиќ која исчезна во вторникот во околината на Бор. Жолтиот аларм се вклучува за лоцирање на исчезнати лица или идентификување на лице кое не може да се самоидентификува.

Откако денеска се појави видеоснимка од Виена, на која се сомнева дека е токму двегодишната Данка во придружба на две романски државјанки, во потрагата по неа се вклучи австриската полиција, а за жолтиот аларм ќе бидат известени 194 земји членки на Интерпол.

Според објаснувањето на интернбет страницата на Интерпол, жолтиот аларм е глобално полициско предупредување за исчезнато лице и се активира за жртвите на исчезнатите (родители), за кривични грабнувања (киднапирања) и за исчезнувања од необјаснети околности.