Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради критиките за нападот врз Израел

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Министерство за надворешни работи на Иран денеска ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради нивниот „неодговорен став“ за синоќешните напади врз Израел.

Тројцата европски дипломати беа поканети во МНР по неодговорните ставови на некои функционери на тие земји во однос на одговорот на Иран на низата дејствија на ционистичкиот режим против граѓаните и интересите на нашата земја, се наведува во соопштението на иранското МНР.

Лондон, Париз и Берлин го осудија иранскиот напад врз Израел.

Директорот за Западна Европа во иранското МНР ги обвини трите земји за „двојни стандарди“ затоа што претходно се спротивставија на руската нацрт-изјава во Советот за безбедност на ОН, со која се осудуваше израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Сирија.