Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран повеќе не збогатува ураниум, инсистира Арагчи

/

пред 332 дена

Сподели преку :

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран повеќе не збогатува ураниум во ниту еден од нуклеарните објекти во државата.

„Во Иран нема непријавено нуклеарно збогатување. Сите наши објекти се под заштитни мерки и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, рече Арагчи и додаде дека во моментов нема збогатување на ураниум бидејќи објектите за тоа се „нападнати“.

Тоа е најдиректниот одговор од иранската влада во врска со нуклеарната програма досега, откако Израел и САД бомбардираа објекти низ целата земја во јуни оваа година.