Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран се закани со нови напади доколку Израел се дрзне да одговори

/

пред 922 дена

Сподели преку :

На профилот на платформата X, поранешен Твитер, иранската мисија во ООН навести дека Иран нема да лансира дополнителни напади врз Израел во текот на ноќта.

„Ова прашање може да се смета за затворено“, напишаа од мисијата на Иран во ООН, но и упатија предупредување кон Израел да не одговара на овој напад. Посочувајќи го Членот 41 од Повелбата на ООН, кој се однесува на правото на самоодбрана на државите, Иран порача дека доколку Израел направи уште „една грешка“, одговорот на Иран ќе биде далеку пожесток.

Извршен врз основа на овластувањата од Членот 41 од Повелбата на ООН, која се однесува на правото на самоодбрана, воената акција на Иран беше во одоговор на агресијата на ционистичкиот режим против нашето дипломатско претставништво во Дамаск, напишаа тие.

Иран исто така ги предупреди и САД, потенцирајќи дека овде станува збор за конфликт помеѓу Исланската република и одметнатиот израелски режим, и САД треба да стојат понастрана од него.