Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран заплени трговски брод поврзан со Израел во Ормутскиот теснец

/

пред 922 дена

Сподели преку :

Иран заплени комерцијален брод кој се поврзува со Израел додека пловеше низ Ормутскиот теснец. Бродот бил запленет од страна на поморската единица на Иранската револуционерна гарда, чии специјалци се спуштиле на него преку хеликоптер на 80 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати, се пофалија иранските медиуми.

Бродот Арес кој плови под португалско знаме се поврзува со израелскиот милијардер Ејал Офер, а инцидентот доаѓа во момент на зголемени тензии во регионот по израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1-ви април.

При заплената на бродот имало 25 членови на екипажот.

Според портпаролката на Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Едриен Вотсон, станува збор за државјани на Иднија, Филипини, Пакистан, Русија и Естонија. Таа ја осуди заплената на цивилното пловило и повика на итно ослободување на екипажот.

По објавувањето на информацијата за заплената на бродот, израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, ја повика ЕУ веднаш да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација, и да воведе санкции против Иран.