Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исчезна 12 годишно девојче во Хрватска недалеку од Нова Градишка

/

пред 815 дена

Сподели преку :

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера е пријавено дека исчезнало 12-годишното девојче.

Министерство за внатрешни работи објави фотографија и ги повика сите граѓани доколку имаат некаква информација за малата Амела Јелениќ.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафеави очи, а бројот на стапалото ѝ е 36.

Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини риги и бели патики.

Според информациите таа вчера се упатила во непознат правец и оттогаш ѝ се губи секаква трага, соопшти полицијата.

„Доколку имате информации за ова лице, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-пошта: [email protected]“,  пишуваат хрватските медиуми.