Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исчезнаа седум работници од Непал, МВР во обид да ги пронајде

/

пред 850 дена

Сподели преку :

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми. Трагата им се губи речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.

Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата во 14 часот.

Сопственикот на правен субјект од Скопје, вчера пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Останатите двајца, според пријавата, се оддаелечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.