Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери.
Трајковска исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото. Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и сестра бараа и меѓународна помош за да ја пронајдат.











