Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исклучете го Израел од Евровизија – петицијата на 1.400 музичари од Финска „поради воените злосторства во Газа“

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Повеќе од 1.400 професионални музичари од Финска потпишаа петиција со која бараат да се забрани учество на Израел на Евровизија „поради воени злосторства во Газа“. Во случај Израел да не биде изклучен од натпреварувањето, тие сакаат финската јавна телевизија Иле да ја повлече земјата од Евросонгот.

Меѓу потписниците се финските уметници Олави Усивирта, Пејлфејс и Аксел Енстром кои ја претставуваа земјата на Евровизија во 2011 година.

Тие ја обвинија Иле за двојни стандарди, истакнувајќи дека ТВ куќата била меѓу првите која бараше забрана за Русија за натпреварот во 2022 година, па очекуваат „иста одбрана на вредностите“. Од Иле, пак, одговорија дека го следат ставот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) која е организатор на музичкото натпреварување.

Минатиот месец и музичари од Исланд поставија слични барања на телевизиската куќа Рув.