Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исмет Гури се предаде на полицијата, спроведен е во Затвор Скопје

/

пред 793 дена

Сподели преку :

Исмет Гури, истакнат активист на ДУИ, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денешниот ден самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал на лојалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.