Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исплата на долгот или од понеделник редуциран возен ред- се заканија приватните превозници

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Високи тонови си разменија приватните превозници и  директорот на ЈСП Драги Кушковски. Ова се случи кога приватните превозници сакаа пред медиумите да најават дека од понеделник ќе возат редуцирано ако до крајот на неделава не им бидат исплатени парите што им ги должи ЈСП.

Директорот на ЈСП тврди дека долгот се намалува и побара од приватниците да не манпулираат со граѓаните.

Ова не е прв пат приватните превозници да престанат со работа. Пред две ипол години поради неисплатени средства ги паркираа автобусите, протестираа и ги блокираа булеварите, а градоначалничката на град Скопје им ги раскина договорите. Тие повторно се пријавија на огласите, но со нови имиња на директорските позиции.

Постојано обвинуваат дека ЈСП не им плаќа според договорот и дека постојано им должи пари. Додека приватниците ги бројат долговите, а надлежните тврдат дека ги намалуваат, граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки.

Симона Петровска

Б.С.