Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исплата на плата до петок во „Пошта“ или протест пред Влада

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Синдикални претставници и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, одржале состанок со Министер за транспорт и врски и Генералениот директор на А.Д. Пошта на кој било договорено најдоцна до петок на вработените да им биде исплатена септемвиската плата.

На состанокот бил потврден и заклучокот донесен од Управниот одбор  дека нема да има  отпуштања од работа , технолошки вишок, принуден одмор и намалување на платата на вработените.

На средбата синдикалните претставници го нагласиле ставот дека доколку нема плата во петок следниот ден излегуваат на штрајк пред Влада.