Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истанбул во фокусот на нов мировен обид за Украина

/

пред 521 дена

Сподели преку :

Истанбул повторно стана центар на глобалното внимание, откако рускиот претседател Владимир Путин предложи нови директни мировни преговори со Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе се сретне само со Путин и го повика на лична средба во Турција.

Западните лидери, меѓу кои Макрон, Стармер, Мерц и Туск, поддржаа 30-дневен прекин на огнот почнувајќи од понеделник, со поддршка и од САД и претседателот Доналд Трамп. Путин, пак, предложи разговори „без предуслови“, но не прецизираше кој ќе ја претставува земјата на мировните разговори.

Преговорите, според Кремљ, би можеле да се надоврзат на пропаднатите Истанбулски разговори од 2022 година. Киев останува на својот тврд став дека нема да прифати ултиматуми и бара само Путин лично да се појави на состанокот. Европа и САД најавија дополнителни санкции ако Русија не покаже искрена волја за мир.