Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истекува рокот за новите пресметки за струјата- не се очекуваат драстични промени

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Денеска истекува рокот во кој енергетските компании МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО треба да ги достават своите пресметки врз основа на кои ќе се утврдува новата цена за пренос и дистрибуција на струја.

Откако комисијата ќе ги добие овие документи ќе ги анализира и ќе се донесе одлука.

Овие трошоци се дел од фактурата за електрична енергија кои граѓаните ги добиваат секој месец.

Колку ќе чини транспортот на струја ќе зависи и од пресметките на компаниите, но и од одлуката на регулаторите.

Неодамна претседателот на комисијата Бислимовски изјави дека не очекува да има драстични промени.

Сепак, какви сметки за електрична енергија ќе добиваат граѓаните најмногу зависи од ЕСМ по која цена ќе му ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ кој пак повикот треба да го објави до крајот на годинава.

Во моментов струјата за домаќинствата електрани ја продава по цена од 62 евра за мегават час