Белгиските обвинители изјавија дека неколку лица биле повикани на испитување поради можна вмешаност во корупција во Европскиот парламент, наводно во корист на кинескиот гигант „Huawei“.
Белгиските истражители извршиле претреси во објекти во Белгија и Португалија. Судот потоа побарал да се запечатат канцелариите на двајца парламентарни асистенти.
Корупцијата се одвивала „многу дискретно” од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања за заземање политички позиции или прекумерни подароци како храна и патни трошоци или редовни билети за фудбалски натпревари.
Европскиот парламент соопшти дека од белгиските власти добил барање за помош во истрагата и дека ќе соработува брзо и целосно.
Обвинителите засега не ги откриваат имињата на вклучените лица, ниту информации според кои би можеле да се идентификуваат истите.











