Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истрагата ќе покаже од што почина жената по труење со пестицидот Метомил

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Бабата се бори за живот, а синот е во добра здравствена состојба на клиниката Мајка Тереза.Седумдесет и девет годишната Ц.С е во кома на Карил додека нејзиниот син 55 годишниот Ѓ.С се наоѓа во инфективната клиника,по наодите на лекарите дека станува збор за затруени лица со пестицид. Се бара одговор како отровот завршил во кобната пита со праз од кој почина снаата. Денеска ќе се врши и обдукција на телото на 47 годишната Д. Ќ,а се очекува истрагата да заврши за најмалку две недели ова за Телма го потврди првиот човек на судска медицина Александар Станков. Соседите во тага и неверување.

Страотната глетка ја здогледал сосед кој веднаш пријавил во брзата помош по што им била укажана медицинска помош. Повикот го добил д-р Ѓорѓи Карамановски кој раскажува за Телма.

Додека заврши истрагата и се утврди причината за несреќата, во јавноста останува нејасно дали овој забранет пестицид завршил во рацете на граѓаните. Од државниот инспекторат за земјоделство велат дека овој опасен отров е забранет повеќе од 10 години и тврдат дека по инспекциски надзор не е утврдено дека овој пестицид е пуштен во употреба.

ДИЗ е надлежен за увоз и трговија на пестициди, активно го следиме пазарот со пестициди и не е забележана никаква трговија со споменатиот пестицид, велат за Телма од државниот инспекторат за земјоделство.

Трагичниот настан се случил пред околу пет дена кога во семеен дом три лица, снаа свекрва и син јаделе домашно приготвена пита по што се затруле. Причината била акутно труење со пестицидот Метомил, односно Ланате, што потврдиле и анализите на судската медицина. Настанот бил пријавен и во МВР и се преземаат мерки за расчистување. Пријава стигнала и до Јавното обвинителство од страна на инфективната клиника за починатата жена и по што веднаш била издадена наредба за да се изврши обдукција на телото. Истрагата треба да покаже од што почина жената.

Симона Петровска