Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истраги за можно сексуално злоставување во над 80 градинки и училишта во Париз – голема афера ја тресе Франција

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Француската полиција ја прошири истрагата за сексуално насилство и злоставување во училиштата во Париз, откако беше продолжен притворот за 16 вработени за време на процесот на испитување.

Осомничени, на возраст од 18 до 68 години, работеле во државното основно училиште Сен Доминик во 7-от париски арондисман, а истражиталите ги испитуваат поради сомнежи за силување и други насилни или непримерни однесувања кон деца.

Париското државно обвинителство објави дека истрагата сега се проширува и однесува на можни случаи на насилство и во дури 84 градинки и 20-тина училишта. Од почетокот на оваа година се суспендирани 78 вработени во градски установи, меѓу нив 31 поради сомненија за сексуални насилства.

Аферата дополнително ескалира по објавата на весникот „Паризиен“ кој откри дека учител против кого во 2025 година било подигнато обвинение за сексуално злоставување на тројва малолетници, година дена претходно бил приведен поради слични пријави од други училишта.