Брод на италијанската морнарица денеска пристигна во Албанија со 49 мигранти пресретнати во меѓународните води, кои бараат азил и сместување во специјални албански мигрантски центри, согласно договорот меѓу Италија и Албанија.
Ова е трет обид да се испратат мигранти во Албанија според тој договор, откако се појавија пречки во италијанските судови.
Италијанското Министерство за внатрешни работи не ја прецизираше националноста на мигрантите донесени во Шенѓин, но италијанските медиуми објавија дека тие се од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија.











