Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Итен состанок на муслиманските земји поради убиството на Ханија

/

пред 807 дена

Сподели преку :

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на министрите за надворешни работи на членките на Организацијата за исламска соработка, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Средбата е свикана поради убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран.

Состанокот, кој ќе се одржи во крајбрежниот град Џеда, „ќе се фокусира на злосторствата на израелската окупација и атентатот на Ханија“, се вели во соопштението на Организацијата за исламска соработка.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран побарал состанок заедно со Пакистан.

Организацијата, кој има 57 исламски членки, се претставува како глас на муслиманскиот свет.

За разлика од Арапската лига, таа вклучува и влијателни неарапски држави, како Иран, Пакистан и Турција.