Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Итна реакција или нови блокади – граѓаните на протест за загадениот воздух

/

пред 256 дена

Сподели преку :

Нов протест со стари барања- итна реакција на надлежните или се почести блокади. Граѓаните повторно на улица за загадувањето во главниот град, а како еден од изворите ја посочуваат цементарница Усје.

Сметаат дека оваа компанија е најголем загадувач, а нејзино дислоцирање ќе значи и сериозно намалување на аерозагадувањето.

Усје и министерството за животна средина добија жолти картони од граѓаните.

Побараа и независен мониторинг на работењето на Усје, бидејќи како што истакнаа организаторите, тие немаат доверба во резултатите од мерењата кои самата фабрика ги прави и објавува.

Од цементарница Усје и денеска ги демантираа наводите дека тие се причината за загадениот воздух во главниот град.

Велат дека како компанија со А-интегрирана еколошка дозвола се под постојан мониторинг и дека резултатите од мерењата се јавно достапни.

Според нив, граничните вредности утврдени во дозволата на „ТИТАН Усје“ се построги од законските, а компанијата не ги надминува дозволените нивоа на емисии.

Додаваат и дека кога тие не работат, загадувањето во Скопје е високо.

Симона Петровска

(живо)Протести со барање за дислокација на цементарницата Усје- од компанијата велат и кога фабриката не работи, загадувањето е високо